Денеска на тркалезна маса која што се одржа во домот на АРМ беше промовирана првата локална Стратегија за унапредување на родовата еднаквост во општина Струмица за периодот 2017 -2020 година. Стратегијата ги потврдува заложбите на општина Струмица за промовирање на еднаквите можности помеѓу мажите и жените и воведување на родово одговорни политики. Истата е подготвена со поддршка на UN Women – тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, а во рамките на проектот „Промоција на родово еднакви политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“.