Деновиве завршија градежните работи за уредување на влезот во населеното место Банско. Според информацијата од Одделението за локален економски развој при Општина Струмица, станува збор за асфалтирање на споменатата локација и нејзино проширување, со обезбеден простор за автобуска постројка, а околните тротоари се поплочени со бекатон плочки. Оваа активност е дел од проектот „Уредување на патна инфраструктура до и околу природни знаменитости на локалитетот „Бања Банско““, на Одделението за локален економски развој при општина Струмица. Целокупниот проект со ДДВ, чини 3.961.576 денари.Овој проект е од големо значење, како за месното население од Банско, така и за потенцијалните домашни и странски туристи.