Општина Струмица, реализира уште еден од проектите предвидени во својата Програма за работа за буџетската 2016 година. Станува збор за оградување на селските гробишта во Добрејци, на кои интензивно се работи, а според информацијата од Одделението за услуга на граѓани и месна самоуправа, предвидено е работите завршат веќе утре.
Гробиштата во Добрејци се оградуваат со бетонски столбови и арматурна мрежа, а изведувач на работите е ЈПКД „Комуналец“ од Струмица.Оваа активност е дел од Програмата „Оградување на селски гробишта во повеќе населени места“ на Општина Струмица, со која се исполнува уште едно, од барањата и потребите на граѓаните. И овој проект се реализира со средства од Буџетот на Општина Струмица.