Влезот во населеното место Банско доби нов изглед. Таму комплетно завршија градежните работи во рамките на проектот „Уредување на патна инфраструктура до и околу природни знаменитости на локалитетот „Бања Банско“, на Одделението за локален економски развој на општина Струмица.
Со изведените градежни активности извршено е проширување и асфалтирање на улицата со поплочени тротоари од двете страни, проширување на паркинг просторот, а со бекатон плочки се поплочени и пешачките патеки до трговските објекти. Целокупниот проект со ДДВ, чини 3.961.576 денари. Со овој проект општина Струмица уште еднаш потврди дека подеднакво се грижи за условите за живот на граѓаните во градот и населените места. Освен за месното население, уредувањето има големо значење и од туристички аспект, бидејќи со своите специфични карактеристики ова место привлекува домашни и странски туристи.