Општина Струмица, во соработка со Центарот на заедницата на општина Струмица, ја организираат втората сесија на Граѓанскиот буџетски форум. Сесијата ќе се одржи на 20.12.2016 (вторник) со почеток во 18.00 часот во хотел „Тивериопол“ во Струмица.Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на Општината и зголемување на транспарентноста на Општината.
Присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат и да дискутираат за развојните програми на општина Струмица и истите да ги рангираат.Граѓанските форуми во општина Струмицa ги имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), а во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“, кој ФООМ го спроведува во партнерство со општина Струмица.