Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на четириесет и седмата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 22 .12.2016 година (четврток).
Четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Д н е в е н р е д
- Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат на членови на Советот на општина Струмица;
- Предлог – Решение за верифицирање на мандат на членови на Советот на општина Струмица.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Јосиф Христов