Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на четириесет и осмата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам четириесет и осмата седница на Советот на општина Струмица за ден 22.12.2016 година (четврток).
Четириесет и осмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од четириесет и шестата седница на на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
- Предлог – Програма за работа на Советот на општина Струмица за 2017 година;
- Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Струмица за 2016 година;
- Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2017 година;
- Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2017 година;
- Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2017 година;
- Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2017 година;
- Предлог – Програма за одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2017 година;
- Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2017 година;
- Предлог-Програма за одржување на јавната чистоќа во 2017 година;
10. Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица за 2017 година;
11. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2017 година;
12. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2017 година;
13. Предлог –Програма за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2017 година;
14. Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2017 година;
15. Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2017 година во Општина Струмица;
16. Предлог – Програма на Општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2017 година;
17. Предлог – Програма за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2017 година;
18. Предлог-Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2017 година;
19. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2017 година;
20. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2017 година;
21. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2017 година;
22. Предлог – Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2017 година;
23. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на Проект за “Изведба на локален пат Куклиш- Градско Балдовци“;
24. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на Проект за “Изградба на локален пат с. Муртино – с. Еднокуќево“;
25. Извештај за реализација на Струмичкиот карневал – 2016 година;
26. Програма за подготовка и реализација на Струмичкиот карневал – 2017 година;
27. Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период I -IX месец 2016 година;
28. Програма за работа на ЈПКД “Комуналец“ за 2017 година;
29. План за вработување во ЈПКД „Комуналец“ за 2017 година;
30. Предлог – Одлука за утврдување режим на сообраќај со обележување на паркинг простор за зонско паркирање во дел од втората жолта зона „Б“ во Општина Струмица;
31. Извештаj за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за период од 01.01.2016 до 30.09.2016 година;
32. Програма за работа на ЈП “Паркиралишта-Струмица“ за 2017 година;
33. План за вработување ЈП “Паркиралишта-Струмица“ за 2017 година;
34. Извештаj за работата на ЈПЕД „Струмица – гас“ за период од 01.01.2016 до 30.09.2016 година;
35. Програма за работа на Јавното претпријатие за енергетски дејности “Струмица-гас“ Струмица за 2017 година;
Совет на општина Струмица
Претседател,
Јосиф Христов