Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, го посети првото родено бебе во Новата 2015 година во медицинскиот центар во Струмица. Бебето е машко, родено во 1,40 часот по полноќ, тешко е 3,5 килограми и долго 50 сантиметри.
Новороденчето е второ дете на 34 – годишната Елена Миткова од Радовиш.Градоначалникот Заев на новороденчето му подари штедна книшка со 20 илјади денари и на бебето и на мајката им ја честиташе Новата година и им посака многу здравје и среќа.Прво машко детенце се роди во оваа 2015 година, потекнува од Радовиш, а се роди овде кај нас. Се работи за здраво дете, второ на мајката и се надеваме дека ќе донесе радост, бериќет и убава 2015 година за сите граѓани од овој наш регион. Се надеваме дека годината ќе ни биде плодна, здрава и секако успешна за секој граѓанин од целиот овој наш регион. На сите граѓани на нашата општина Струмица им ја честитам Новата година, рече градоначалникот Заев.Мајката Елена му се заблагодари на градоначалникот Заев за вниманието и новогодишната честитка. Таа и бебето се во добра здравствена состојба.