Градоначалникот Зоран Заев и во измината новогодишна ноќ ја потврди својата голема човечност, едноставност и скромност. Тој десет години по ред, Новата година ја дочека заедно со штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.
Во весела и опуштена атмосфера на своите пријатели – штитениците им ја честита Новата година посакувајќи им многу здравје и среќа, а тие пак за десетгодишното заедничко новогодишно дружење му подарија торта. Сите заедно си посакаа уште многу години најубавите новогодишни моменти да ги поминуваат заедно.