Изминатата 2014 година ја потврди успешната даночна политика на општина Струмица. Според информациите од одделението за администрирање на приходи, кај данокот на имот е реализирана вкупна наплата од 18.882.408 денари или 98,41 проценти. Кај правните лица реализираната наплата изнесува 5.768.184 денари или 99, 83 проценти, а кај физичките лица наплатата е 13.114.224 денари или 97,78 проценти.
Кај данокот на промет на недвижности е остварена наплата од 44.905.490 денари или 140,33 проценти, а кај данокот на наследство остварената наплата изнесува 1.717.079 денари или 171, 71 проценти.Во делот на комуналната такса (фирмарина) остварена е наплата од 13.751.926 денари или 63, 92 проценти.Високиот процент на наплата на овие даноци значат продолжување на успешниот развој на општината, затоа што овие приходи кои одат директно во општинската каса, преку проекти повторно се враќаат кај граѓаните.