Струмичката епархија на Македонската православна црква, односно, храмот „Св.15 Тивериополски свештеномаченици“ и додели благодарница на општина Струмица за подадената рака и љубов кон својата света црква, вера и народ.
Благодарницата ја прими Јосиф Христов претседател на Советот на општина Струмица, на вечерата која синоќа во чест на помагателите на овој храм ја приреди отец Димитар Крцев.Благодарници добија и други институции, фирми и поединци кои финансиски ја поддржаа реконструкцијата на фасадата на храмот „Св.15 Тивериополски свештеномаченици“.