Во општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во населеното место Вељуса, зимскиот распуст беше искористен за подобрување на условите за изведување на образовно – воспитниот процес. Во рамките на овие зафати, дотраената дрвена столарија на предната страна на спортската сала беше заменета со нови ПВЦ прозорци. И пред почетокот на новата учебна година во ова основно училиште беа изведени неколку активности, во дел од просториите беше поставен нов под, беа заменети дел од старите врати, а пред влезот на училиштето беа поставени нови бехатон плочки. Со овие зафати учениците и наставниот кадар добија подобри услови за изведување на наставата.