Општина Струмица по поплавите ја ангажираше општинската администрација и ги отвори канцелариите на месните заедници во најпогодените населени места, Сачево, Просениково, Муртино и Дабиле.
Само за неколку часови од страна на жителите поднесени се над 100 барања за проценка на штетите од поплавите. Во зависност од потребите на граѓаните, општинската администрација и во текот на утрешниот ден ќе биде подготвена за прифаќање на барањата. Граѓаните кои не можат да поднесат барања во канцелариите на месните заедници тоа ќе можат да го направат од понеделник во општина Струмица, а со себе треба да понесат лична карта, број на трансакциска сметка и копија од имотен лист.