Во рамките на програмата Инклузивно образование, која се реализира со поддршка на УНИЦЕФ, во соработка со БРО и МЦГО-Скопје, наставниците од општинското основно училиште „Видое Подгорец“ од Струмица ја следеа обуката за диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница. Обуката ја водеа одделенскиот наставник Соња Цицимова и стручниот соработник-дефектолог Тања Црвенковска.