Традиционалната манифестација „Спортист на годината 2016“ на општина Струмица ќе се одржи среда (15.02.2017г.) со почеток во 19 часот во просториите на домот на АРМ во Струмица. Покровител на оваа спортска манифестација која што се одржува над 30 години е општина Струмица, а организатор Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица. На манифестацијата ќе бидат прогласени најдобрите тренери во младинска и сениорска конкуренција, најдобрите спортисти и најдобрите екипи во младинска и сениорска конкуренција, а ќе бидат доделени и плакети на спортски клубови и друштва кои минатата година прославија годишни јубилеи.