Во големата сала на домот на АРМ, синоќа се одржа традиционалниот избор на најдобрите во спортот за 2016 година. Покровител на оваа спортска манифестација беше општина Струмица, а истата се одржа во организција на Општинскиот сојуз на училишен спорт. На манифестацијата присуствуваа и наградите ги врачија заменик градоначалникот Костадин Костадинов и претседателот на Советот Јосиф Христов.
За најдобар спортист беше прогласен атлетичарот Ристе Пандев, за најдобра спортска екипа во сениорска конкуренција беше прогласен сениорскиот тим на фудбалскиот клуб „Академија Пандев“, а за најдобар тренер во оваа категорија беше прогласен Панче Стојанов. Академија Пандев ја освои и наградата за најдобра млада спортска екипа, а тренерот Југослав Тренчовски за најдобар тренер во младинските категории. На синоќешниот избор беа врачени и плакети на спортските клубови кои во 2016 година славеа годишни јубилеи, а признанија добија и клубови и екипи кои во минатата година се истакнаа со учество на меѓународни натпревари и развој на младинскиот спорт.
Заменик градончалникот Костадин Костадинов потенцираше дека општина Струмица од секогаш давала максимална поддршка на спортот.
Струмица е една од општините која најмногу финансира во спортот во Република Македонија. Општина Струмица издвојува 14,5 милиони денари од буџетот од програмата за спорт. Секако, секогаш може и повеќе, но имајќи ги во предвид финансиските можности на Општината и имајќи ја во предвид економската ситуација во државата, ние мораме да балансираме и да придонесеме општинскиот буџет да ги задоволи сите целни групи на граѓани. Ќе повторам, спортот секако е од оние целни групи кои предничат во буџетот, рече Костадинов.