Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, присуствуваше на промоцијата на монографијата „Подарена младост“, проект на Општинскиот сојуз на борците од НОАВМ и нивните продолжувачи која што се одржа во просториите на домот на АРМ.
Во монографијата се опфатени биографиите на сите загинати борци од сите општини во струмичкиот регион, биографиите на носителите на партизанска споменица од 1941 година и биографиите на народните херои Благој Јанков Мучето и Јосиф Јосифовски Свештарот. Монографијата ја промовираше професор д-р Љубица Јанчева од Институтот за национална историја на Република Македонија, а истата е реализирана со финансиска поддршка од општина Струмица.