ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица„ бр5/06), и член 49 од Законот за Здруженија и Фондации, Градоначалникот на општина Струмица објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање проекти од областа на „Социјалната заштита“ од Здруженија и Фондации од Општина Струмица за 2015 година, од Програмата V2, Програма за Социјална Заштита – Трансфер до НВО, од Буџетот на Општина Струмица за 2015 година.

Финансиските средства предвидени во Програмата V2 – Програма за Социјална заштита – Трансфер до НВО oд Буџетот на Општина Струмица за 2015 година ќе се доделуваат на Здруженија и Фондации од областа на Социјалната заштита по проект.

Право на учество

Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите.

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

-корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации;

-корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Струмица;

-остварување на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на РМ.

Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

– Предлог проектите да кореспондираат со Стратешките – развојни документи на Општина Струмица.

– Предлог проектите да се од суштинско значење за подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните во локалната заедница во соодветните области.

– Апликантите задолжително да прикажат сопствено учество или кофинансирање од други извори во износoт од најмалку 10 % од вкупниот износ на буџетот на самиот проект.

– Доделените средства да се користат исклучително за намената за која се бараат и на начин определен во предлог проектот.

Времетраење

Предвидениот период за реализација на проектните активности да бидат 01.06.2015 до 15.12.2015 година, со евентуално продолжување на истите заради оправдани причини, по претходно доставено писмено барање од апликантот до општината.

Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба ја достави :

Апликација-Формулар со буџет кој може да се симне од веб страницата на Општина Струмица www.strumica.gov.mk Истата треба да биде пополнета со печатни букви во кирилично писмо, потпишана од застапникот , заверена со печат и штембил на Здружението или Фондацијата.

Задолжителни прилози:

1. Kопија од Тековна состојба не постара од шест месеци – Централен Регистер на Република Македонија;

2. Профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти и партнерство со други здруженија, фондации или организации;

3. Да достават Годишна програма на активности за 2015 година;

4. Извештај за добиените средства од Општината Струмица во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација.

5. Електронска верзија на предлог проектот – ЦД

Проектната документација треба да биде доставена во затворен плик

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 15(петнаесет) дена од денот на објавување на јавниот повик во локалните медиуми и на општинската веб страница. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично исклучиво во архива на Општина Струмица – Сектор за ЛЕР, заштита на животна средина, меѓународна соработка и европски фондови на адреса:

Општина Струмица – Одделение за ЛЕР

ул.„Благој Јанков Мучето“ бб, ДОМ на АРМ

2400 Струмица

На пликот во горниот лев агол треба да стои „Не отварај“, а во долниот десен агол „За јавен повик по Програмата V2, Програма за Социјална Заштита -Трансфер до НВО.

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.

Здруженијата или Фондациите учеснички на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од најкасно 7(седум) дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општината Струмица за 2015 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија и фондации.

– Евалуацијата и оценувањето на доставените апликации согласно утврдената методологија ќе го врши трочлена комисија именувана од Градоначалникот на општина Струмица.

-Мониторингот(следењето) на реализацијата на проектните активности на грантираните проекти ќе го врши трочлена комисија именувана од Градоначалникот на општина Струмица.

Лице за контакт:

Тони Милушев

Раководител на Одделение за ЛЕР, Општина Струмица

Тел:076 483 158

mail: toni.milusev@strumica.gov.mk

Анекс 1 Анекс 2 Анекс 3 Формулар