Предвесниците на пролетта, на денот на шегата продефилираа низ улиците на Струмица. Децата од ЈДОУГ „Детска радост“-Струмица, денес како најмали учесници во сообраќајот ги одбележаа и денот на шегата и денот на пролетта. Безбедно, со прописно поминување на пешачкиот премин преку булеварот „Ленинова“, децата стекнаа нови искуства и сознанија за движењето во сообраќајот, го искористија убавото време за прошетка низ градот, се дружеа и безбедно стигнаа до нивната градинка.