Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Вељуса и подружницата „Порака“ реализираа заедничка работилница под мотото „Насмевка за секое дете“.
Целта на оваа средба беше заедничко прифаќање, запознавање и дружење на децата од ова училиште и децата со интелектуална попреченост од подружницата „Порака“.На работилницата децата заеднички изработуваа велигденски ракотворби кои ќе бидат изложени и со кои ќе учествуваат на хуманитарната акција „Од децата за децата“ чиј покровител е градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.