Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, ноќеска на полноќ присуствуваше на Велигденската воскресна литургија во црквата „Св. Григориј Палама и Димитриј“ во Струмица. Христовото воскресение го дочека со сопругата Зорица, претседателот на Советот на општината, Јосиф Христов и членови на истиот, најблиските соработници и поголем број граѓани кои се собраа во овој православен храм. Честитајќи си ги велигденските празници сите заедно си посакаа здравје, радост и спокоен живот во семејствата.