Пред споменикот на Револуцијата во градскиот парк во Струмица, денеска, беше одбележана 70-годишнината од учеството на 15-от македонски корпус во пробивањето на Сремскиот фронт. За пробивот на Сремскиот фронт зборуваше Соња Чурлинова, претседател на општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ. Пред споменикот на Револуцијата цвеќе положија, претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот, претставници на општинскиот одбор на СБМ, јавни институции, здруженија и граѓани, а се рецитираше и револуционерна поезија.