До општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во текот на месец март, биле доставени вкупно 132 пријави. Од нив решени се 102 пријави, а останатите 30 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.
Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ или 95 се од областа на уличното осветлување, 10 од областа на собирање смет, 8 од водовод и канализација и останатите се други видови на проблеми.Од овој општински сервис апелираат до граѓаните за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, кое што ќе овозможи навремено интервенирање и решавање на истите, но и запазување на временскиот рок од 48 часа.