Општина Струмица е на врвот на листата по добро владеење, транспарентност и отчетност. Ова го покажало последното истражување на Центарот за истражување и креирање политики. Од десетте најдобри општини, Струмица е на прво место,
а по неа се град Скопје, Велес, Илинден, Битола, Охрид, Карпош, Богданци, Радовиш, Штип.Во ова истражување се користени 74 индикатори кои што беа поделени во четири димензии кои што мереа како општините во пракса ги спроведуваат шестте принципи на добро владеење: транспарентност, партиципативност, отчетност, одговорност, ефективност и ефикасност.На интернационалната конференција за размена на европски добри практики на локално ниво која што се одржува во Охрид, ќе биде промовирана практиката на општина Струмица која што ја стави на врвот меѓу општините во Република Македонија.