Како резултат на надлежностите пропишани во Законот за еднакви можности на мажите и жените кои се однесуваат на Координаторот за еднакви можности на мажите и жените, Координаторот за еднакви можности во Општина Струмица го изготви извештајот согласно се она што беше реализирано на полето на родовата еднаквост во Општина Струмица за 2014 година.
Еднаквоста на жените и мажите претставува основно право за сите и суштинска вредност за секоја демократија. Но, тоа право не само што треба да биде правно признато, треба да биде и ефективно применето во сите аспекти на животот: политички, економски, социјален и културен. Како сфери на владеење кои се најнепосредно до граѓаните, локалните и регионалните власти се најадекватни форми преку кои можат да се создаваат соодветни услови и да се преземаат ефективни мерки со кои ќе им се спротивстават на родовата нерамноправност и ќе се промовираат во заедници, во кои се почитува еднаквоста.Годишниот извештај за Родова рамноправност кој може да го најдете на веб страницата на Општина Струмица. Линк