Советот на општина Струмица денеска ја одржа 27-та седница, инаку прва во новата преадаптирана сала во Домот на АРМ. На почетокот од седницата, претседателот на Советот Јосиф Христов, на членовите на Советот им посака добредојде во новата сала, истакнувајќи дека со неа се подобруваат условите за работа, но и се зголемува транспарентноста затоа што на седниците ќе можат да
Со овој зафат се опфатени 250 метри квадратни, а се реализираше со грант од Фондацијата отворено општество Македонија и со средства од општинскиот буџет, а во рамките на проектот „Општина по мерка на граѓаните“.На денешната седница, беше усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2015 година, според кој реализацијата на буџетот изнесува 24 насто во однос на планираните приходи. Покрај ова беа усвоени и Акциониот план за ставање под контрола на вектор – преносливите заболувања за 2015 година, предлог одлуките за издавање под закуп на објекти во сопственост на општина Струмица, за давање согласност за купување на недвижност од страна на општина Струмица,за давање на користење на објект – општинско фудбалско игралиште со вештачка трева, за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2015 година, како и ценовникот за работа на работната единица „Водовод и канализација” при ЈПКД „Комуналец”.Членовите на Советот усвоија и повеќе предлог одлуки од областа на урбанизмот, годишните сметки со финансов извештај на општинските основни училишта „Даме Груев“ од Куклиш, „Маршал Тито“ од Муртино, „Герас Цунев“ од Просениково и музичкото училиште „Боро Џони“ за 2014 година, како и повеќе решенија за разрешување и именување на претставници на општина Струмица во училишните одбори на општинските основни училишта. На седницата беше усвоен и извештајот од процена на штета од природна непогода – поплава од дејство на внатрешни води на подрачјето на Општина Струмица во периодот февруари – март 2015 година.