Врз основа на член 136 став 1 , став 2 и став 3 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/05, 81/05, 24/07, 159/08 , 83/2009 , 48/10, 124/10 ,51/11, 123/12, 93/13 187/13 ,42/14 и 44/15 ,) Градоначалникот на Општина Струмица врши:
ОБЈАВУВАЊЕ
На Барањето за Усогласување со оперативен план на :
АД ,, КЛАНИЦА СО ЛАДИЛНИК” увоз – извоз Струмица
Врз основа на член 135 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр: 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09 , 48/10, 124/10 ,51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14 и 44/15) , Операторот на инсталацијата АД ,, КЛАНИЦА СО ЛАДИЛНИК” увоз – извоз Струмица поднесе Барање за издавање на Дозвола за усогласување со оперативен план . Врз основа на член 136 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр: 53/05, 81/05, 24/07, 159/08 , 83/09 , 48/10, 124/10 ,51/11, 123/12, 93/13 187/13 ,42/14 и 44/15) Градоначалникот на општина Струмица ја информира заинтересираната јавност дека сите потребни информации за Барањето за издавање на Дозвола за усогласување со оперативен план ќе бидат достапни во:
Просториите на Дом на АРМ при Општина Струмица, во одделението за Заштита на животната средина, телефон 034/348-030 , и 076 483 300
На web страната на општина Струмица www.strumica.gov.mk
Заинтересираната јавност своите забелешки може да ги достави:
Усно до Одделението за заштита на животната средина
На електронска адреса на одделението за Заштита на животната
средина ekologija@strumica.gov.mk
Писмено обраќање до општина Струмица, ул.„Сандо Масев„ бр.1, 2400 Струмица
Информации за инсталацијата може да се добијат и во АД ,, КЛАНИЦА СО ЛАДИЛНИК” Струмица кај лицето Александар Ричлиев .
Инсталацијата ке врши колење на ситен и крупен добиток и преработка на труповите по точка 6.6.4 , прилог 2 од Уредбата за кои задолжително се издава оперативен план.
Време за увид во планскиот документ ќе биде од 8:00 – 16:00 часот, во периодот од 22.06.2015 до 21.07.2015 година ( 30 дена ).
Изготвил: С.Стојкова Д.а.и.
Одобрил: Ѓ. Димитриевски Д.и.а.
Потврдил: Н. Годев Д.т.и. ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Зоран Заев