Граѓаните на Струмица ќе добијат уште едно прекрасно катче за одмор и прошетка во големиот градски парк пред домот на АРМ. Таму веќе интензивно се работи на новите патеки, а уредувањето го вршат општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.
-Се работи за околу 11 илјади метри квадратни зелена површина која ќе биде уредена со патеки за движење на околу 540 метри квадратни на кои ќе биде поставен бекатон, еве, денеска се поставуваат рабниците и очекуваме оваа динамика да се забрза.
Претходно се постави систем за наводнување бидејќи таков не постоеше и често пати ни предизвикуваше проблеми околу одржувањето на зелената површина. Во следниот период ќе се изврши поставување на бекатон плочки, околу триесетина клупи за седење од двете страни на домот на АРМ, дополнително осветлување со канделабри, со што ќе добиеме едно прекрасно катче во кое што граѓаните на општина Струмица, особено во летниот период кога има и најголема фрекфенција во паркот, ќе имаат доволен простор за одмарање и прошетка. Со ова излегуваме во пресрет на граѓаните со цел да имаме поголема површина за шетање и повеќе места за седење и на тој начин да го разубавиме овој простор, изјави директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горѓиев.
Целиот овој зафат треба да заврши за околу еден месец.