Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ по рачното, чистењето на поројот „Крушевска Република“ го продолжи со механизација. Машините на претпријатието денеска работеа на потегот од улицата „Климент Охрдиски“ (транзитниот пат) до крстосницата со улицата „Младинска“. Од поминатите околу 600 метри од поројот се извадени 80 метри кубни кал, тиња и други наноси. Акцијата ќе продолжи и во наредните денови, односно, се до целосното исчистување на овој порој.Од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните во текот на утрешниот ден да не ги паркираат возилата покрај поројот за да можат машините непречено да работат.