Согласно законот за превоз во патниот сообраќај на почетокот од оваа година општина Струмица ја започна постапката за издавање сертификати за авто такси возачи со што почнаа и активностите за подигање на квалитетот на услугите во авто такси превозот на територијата на општината.Според Атанаско Глигоров советник за локални патишта и улици во општина Струмица, заклучно со 02.06.2015 година издадени се 183 сертификати за авто такси возачи по поднесени пријави. Исто така, досега, издадени се и лиценци за авто такси превоз на 27 правни субјекти или издадени се 210 изводи од лиценца за авто такси превоз на патници.Постапката на издавање на сертификати и лиценци се уште е во тек.