Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ отпочна со обновување на хоризонталната сигнализација долж булеварите и улиците кои се опфатени со зонското паркирање. Целта на овој зафат е тековно одржување на површините наменети за паркирање како би се зголемила услужната дејности при средувањето на сообраќајниот хаос во централното градско подрачје.