Во основните и средните општински училишта, денеска, заврши учебната 2014/2015 година. Летниот распуст почна за вкупно 8.852 ученика и тоа 5.153 од деветте основни училишта и основното музичко училиште и 3.699 ученици од трите средни училишта во општината.Основното образование го завршија вкупно 570 полуматуранти и нив ги очекува првото запишување во средните училишта кое ќе започне на 22 и 23 јуни.Средното образование во трите средни училишта го завршија 930 матуранти кои од утре почнуваат со полагање на државната матура.
Click here to change this text