Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица гас“ ја завршува новата делница во должина од 350 метри која се наоѓа на улицата „Ѓорѓи Трајков“, односно, позади фабриката „Герас Цунев“ до крстосницата со улицата „Младинска, а на која се работеше во изминатиот месец.
Целото поставување е успешно завршено, денеска се врши испитувањето кое го прават луѓето од Машинскиот факултет и истото се одвива нормално, сега еден час се испитува на притисок од шест бара, а потоа 24 часа на четири бара, не се сомневаме дека се ќе биде во ред, како што впрочем и секогаш било така. Вообичаено, а согласно нашиот менталитет, додека се градеше оваа мрежа од 350 метри направивме четири приклучоци на домаќинства кои се наоѓаат на овие улици, па затоа упатувам и еден апел до граѓаните кои се заинтересирани да не чекаат октомври, ноември, туку навремено да ни се јавуваат за да можеме да ги реализираме приклучоците, изјави Зоран Китанов, директор на „Струмица – гас“.Тој додаде дека ќе продолжат со изградбата на гасоводната мрежа согласно проектната документација за оваа година.