Советот на општина Струмица на вчерашната 28 седница ја усвои предлог – одлуката за дополнување на одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на градот Струмица. Со оваа одлука паркинг просторот позади Основното јавно обвинителство на булеварот „Ленинова“ влезе во зонското паркирање, со што ќе се реши проблемот со паркирањето на возилата, а на кој реагираа граѓаните кои што живеат во тој дел.
Од Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ информираа дека за станарите паркирањето ќе биде бесплатно, а за останатите ќе важат цените согласно регуларниот ценовник за паркирање во жолта зона.Од таму додаваат дека од следниот месец ќе се надогради системот за паркирање на подземниот паркинг под плоштадот „Гоце Делчев“ со автоматизирана рампа. Ова значи дека за влез во паркингот ќе биде неопходно да се извади паркинг билет кој треба да се чува до крајот на паркирањето за да се изврши плаќањето во наплатната барака, во случај тој да биде изгубен цената е 500 денари. Инаку, цените на паркирањето остануваат непроменети, односно, 20 денари за првиот час и 10 денари за секој нареден час.