Благодарница за градоначалникот Зоран Заев од Црвениот крст

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, доби благодарница за долгогодишната поддршка и соработка со Општинската организација на Црвениот крст. Благодарницата ја прими претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, на свеченоста која беше одржана по повод 70 години од формирањето на Црвениот крст на Република Македонија.