Во рамките на проектот “Зајакнување на капацитетите на општинските службеници и локални претставници за родово одговорно буџетирање“, што се спроведува со поддршка на
UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, координаторот за еднакви можности на жените и мажите во општина Струмица, Нела Масалковска, учествува на дводневна обука која што се одржува во Маврово.Учесниците на обуката се фокусирани на темата „Техники, методи и добри пракси за воведување на родово одговорно буџетирање во единиците на локалната самоуправа“.Струмица е меѓу десетте пилот општини во Македонија во кои се реализира овој проект.