Честитка од градоначалникот Зоран Заев до граѓаните од муслиманска вероисповед по пoвод празникот Рамазан

Почитувани сограѓани од муслиманска вероисповед,

Од мое лично име и од името на вработените во општинската администрација, Ви го честитам Вашиот голем празник Рамазан, посакувајќи Ви  хармонија, благосостојба и спокој во Вашите души и семејства.  Месецот на Рамазанските пости нека ви биде исполнет со радост, среќа и милосрдие, а Вашиот Алах нека ги услиши сите молитви за добро здравје, долг и среќен живот.

Честит и вековит нека Ви биде празникот.