Во трите средни општински училишта заврши првото пријавување и запишување на учениците во прва годна за новата 2015/2016 учебна година во јунскиот уписен рок. Според официјалните податоци добиени од училиштата, во првото пријавување запишани се вкупно 755 ученици, а останати се 493 слободни места.
Во средното општинско училиште „Јане Сандански“ се запишани 255, а слободни места има уште 119 и тоа 58 за гимназиско образование и 61 за економската струка.Во СОУ „Димитар Влахов“ се запишале вкупно 244, а останати се 164 слободни места во сите струки освен во здравствената во која се пополнети сите три паралелки.Во СОУ „Никола Карев“ запишани се вкупно 256 ученици, а слободни места има уште за 244 во сите струки.Второто пријавување и запишување на учениците во јунскиот рок ќе се врши на 29 и 30 јуни, а резултатите ќе бидат објавени на први јули.