Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, по повод 25 јуни – Денот на државноста на Република Хрватска упати честитка до амбасадорот во Македонија, д-р Златко Крамариќ, со желба за мир, благосостојба и просперитет на земјата.
„Убеден сум дека соработката помеѓу нашите две пријателски земји ќе продолжи и во наредниот период и дека воспоставените релации на сите можни полиња ќе се продлабочуваат и надградуваат.
Во исто време, се надевам на интензивирање на соработката помеѓу Амбасадата на Република Хрватска и општина Струмица, на взаемно задоволство“, стои во честитката на градоначалникот Заев.
Денот на државноста на Хрватска, градоначалникот Зоран Заев, му го честиташе и на Иван Вркиќ градоначалник на Осијек, со кој општина Струмица има воспоставено соработка.
„Искрено се надевам, дека добрата соработка помеѓу Осијек и Струмица, на взаемно задоволство, ќе ја негуваме и продлабочуваме и во наредниот период, а за доброто на граѓаните од нашите две општини“ стои во честитката на градоначалникот Заев до градоначалникот Вркиќ.