Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, синоќа, присуствуваше на турнирот во мал фудбал кој што се одржува во населеното место Муртино. Турнирот го организира фудбалскиот клуб „Владе“ од Банско, а под покровителство на општина Струмица.
Покрај градоначалникот Заев, на турнирот присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот.Присуството на градоначалникот Заев и членови на Советот на овој турнир уште еднаш ја потврдуваат големата поддршка на спортот. Општина Струмица во изминатите години континуирано ги поддржува спортистите, спортските екипи и спортските манифестации од локален, државен и меѓународен карактер.