Директорот на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ Зоран Горѓиев, денеска, преку медиумите и одговори на групата, наводно, незадоволни граѓани, која вчера одржа прес конференција за наводна дива депонија меѓу населените места Водоча и Вељуса.На оваа незадоволна група на граѓани која сметам подобро да се формализира и да ни каже дека е мотивирана политички и препорачал овие нивни ставови да ги пренасочат кон министерството за земјоделство имајќи во предвид дека на овој потег имаме поголеми количини земјоделски производи
кои што ги фрлаат земјоделските производители затоа што во овој период пласманот на нивните производи оди тешко, или скоро никако, кои што имаат ниски цени и целото производство го фрлаат на тоа место. Затоа, на тие граѓани кои што се толку загрижени би сакал да им порачам нивните ставови да ги пренесат до министерот за земјоделие и тој да се погрижи да најде соодветен пласман на производите кои што ги произведуваат нашите земјоделски производители бидејќи како што оди пласманот на овие производи, најверојатно ќе очекуваме уште поголеми вакви депонии затоа што доматот и краставиците имаа никаква цена, еве сега на потег е бостанот кој што земјоделците никако не можат да го пласираат и по ниска цена и поради тоа се случува нивно фрлање на такви места. Исто така, сакам да посочам и да ги информирам овие граѓани, оти претпоставувам дека не се доволно информирани дека општина Струмица заедно со десетина општина од Југоисточниот плански регион беше вклучена во еден проект за формирање на регионална депонија, која што за жал не се реализира, имајќи во предвид дека остатокот од градоначалниците кои се од владејачката партија го минираа овој процес и договорот пропадна со австриската компанија „АСА“ која што предвидуваше генерално чистење и одржување на сметот во овие 10 општини, односно, формирање на регионална депонија. Од кои причини овие градоначалници не го поддржаа овој проект, самите треба да одговорат, односно, тие преку прашање нека побараат одговор од нивните градоначалници кои припаѓаат на владејачката гарнитура, а кои го минираа проектот и пропадна договорот со фирмата „АСА“ од Австрија. Ја користам оваа прилика да спомнам уште еднаш дека Јавното комунално претпријатие со своите активности продолжува понатаму, со редовно чистење и изнесување на сметот, истовремено, ги повикувам и граѓаните да не фрлаат на места каде што не е предвидено и да ги користат услугите на Јавното претпријатие, да се јавуваат за да може во оптимален рок отпадот да биде подигнат и транспортиран на соодветната депонија која што ја имаме на располагање. Повторно ќе повторам, сите оние неформални групи граѓани кои што се мотивирани од политички причини нека излезат јавно и нека кажат кој стои зад целата таа нивна активност, рече Горѓиев.Одговарајќи на новинарско прашање за прес конференцијата на група граѓани за канализацијата во населеното место Дабиле, Горѓиев, додаде: Јас ќе одговорам не само за Дабиле, туку за трите населени места значи и за Добрејци и Просениково. Општина Струмица ја изработи и подготви целокупната документација за изградба на фекална канализација во овие три населени места . Целата активност од страна на општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“, во делот на подготвување на документација, доставување на документацијата до Министерството за транспорт и врски, кое го води целокупниот процес, е завршена од наша страна. Останува во рамките на Министерството за транспорт и врски, да се подготват и потпишат договорите за реализација на овие проекти со градоначалникот на општина Струмица. Се уште немаме никаква активност од страна на министерството, во однос да се потпишат договорите и да се спроведе понатаму тендерската документација за реализација на проектите. Сметам дека целокупната одговорност, во овој момент, ја носи министерството за транспорт и врски, и повторно ќе повторам, можеби мотивирани од политички причини, а на штета на сите граѓани, министерството за транспорт и врски очигледно го одолговлечува овој процес. Инаку средствата кои се определени во висина од 1.150.000 евра од Европската инвестициона банка се наменети за овие три населените места, дел ќе има и самофинансирање од општина Струмица ќе се реализираат, но сега, целата активност лежи во министерството за транспорт и врски, очигледно тоа има поважни работи па наверојатно ги запоставува активностите на територијата на општина Струмица, рече Горѓиев.