До општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец јуни, биле доставени вкупно 106 пријави од граѓаните на општина Струмица. Од нив решени се 91 пријава, останатите 15 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.
Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во месец јуни се од областа на уличното осветлување 74, од областа на собирање смет 7, водовод и канализација 3, а останатите се од други области.Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните на општина Струмица за навремено пријавување на проблемите набесплатниот телефонски број 080014848, за да може навремено да се интервенира по доставените пријави, а истовремено им се заблагодаруваат за користењето на услугите на овој општински сервис.