Урбаната опрема во големиот градски парк повторно беше мета на вандалско однесување од страна на непознати сторители. Вандалите искршиле уште една канделабра, трета за еден месец. Во Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ се згрозени од овој вандалски чин, исто така и граѓаните во нивните реакции.