„Паркиралишта Струмица“ ги замени искршените канделабри во паркот

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги замени искршените канделабри во големиот градски парк, а кои беа мета на вандалско однесување од непознати сторители. Една канделабра беше искршена завчеравечер, а уште една минатата недела.

Бидејќи зачести вандалското уништување на урбаната опрема во паркот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ и општина Струмица апелираат до несовесните граѓани да престанат со уништувањето на урбаната опрема во паркот затоа што таа е набавена со пари од граѓаните и им служи на сите граѓани.