Деновиве во големиот парк, Јавното претпријатие ,,Паркиралишта -Струмица,, спроведе активности во делот на јавното осветлување. Според зборовите на Иван Стаменковски, раководител на Одделението за јавно осветлување при ,,Паркиралишта – Струмица,, , извршено е сервисирање и замена на дефектни сијалици на трикратните канделабри со 65 нови економични сијалици, инсталирана е подземна кабел – линија за улично осветлување кај кружниот тек од пешачката патека ( во близина на хотелот ,,Вила Паркк,, ) , а поставени се и три рефлектори со далечинско управување. Покрај овие активности, ,,Паркиралишта – Струмица,, ги замени искршените канделабри во паркот, кои беа предмет на вандалско однесување на несовесни граѓани. Од јавното претпријатие и од Општина Струмица апелираат до граѓаните на одговорност за зачувување на урбаната опрема во градот.