Се реконструира дел од водоводната мрежа

Екипа на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска работат на реконструкција на дел од водоводната мрежа. Според информациите  од претпријатието, конкретно се работи во шахтата која што се наоѓа на крстосницата на улиците „Браќа Миладинови“ и „Братство единство“.

Со овој зафат комплетно ќе заврши средувањето, односно, подигнувањето на капаците на сите шахти, и водоводни и канализациони, по што улиците „Браќа Миладинови“ и „Братство Единство“ ќе бидат покриени со нов асфалтен слој.Поради реконструкцијата, седум улици се без вода за пиење. Според најавите од „Комуналец“ прекинот наместо до 14 ќе трае до 18 часот.