Вандалското кршење на канделабрите не е единствената загрижувачка појава во големиот градски парк во Струмица. Често пати мета на несовесни граѓани се и заштитните капаци на канделабрите, кои намерно се отстрануваат за да бидат исклучени автоматските осигурувачи, со што се предизвикува прекин во осветлувањето.
Отстранувањето на заштитните капаци претставува потенцијална опасност од струен удар и загрозување на животите на посетителите на градскиот парк , особено на децата кои можат да дојдат во контакт со отворените места што се под електричен напон.За отстранување на таквата опасност, Одделението за јавно осветлување при Јавното претпријатие ,,Паркиралишта – Струмица,, на местата на искршените и отстранетите капаци, деновиве изврши поставување на 40 пластични заштитни капаци на канделабрите во паркот. Според зборовите на раководителот на ова одделение Иван Стаменовски, таквата активност ќе продолжи и во наредниот период.