Во организација на еколошкото друштво „Планетум“, денеска се реализираше првата од неколкуте планирани акции за озеленување и уредување на јавните површини во Струмица. Во садењето на цвеќињата под саат кулата на плоштадот „Гоце Делчев“ и спроти малиот парк учествуваа ученици од средното општинско училиште „Димитар Влахов“ и волонтери на Младинскиот совет кои делеа флаери преку кои го информираа локалното население како да ги негува јавните површини, но и каде да интервенира доколку забележи негативни појави на истите.
Проектот е поддржан од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.Со денешното, но и претходните уредувања на други локации, сакаме да ги мотивираме граѓаните да ги чуваат и да се грижат за јавните површини затоа што тие му даваат белег на градот, велат од „Планетум“.Проектот „Зелена граѓанска акција во Струмица“ финансиски е поддржан со 262.200 денари преку програмата G1 од буџетот на општина Струмица, а партнери на ЕД „Планетум“ се и Младинскиот совет и Организацијата на жени.Овој проект доби финансиска поддршка и од УСАИД и Фондацијата Отворено општество Македонија.