Од вчера, доцна во ноќта (23.00 часот) до денес рано наутро (04.30 часот) во Струмица успешно беше извршено предвиденото теристичко (од земја) аеросолно прскање против комарци. Третирањето е реализирано на целата површината на Струмица во однапред предвидените граници, при што беа опфатени сите улици во градот. Оваа реализирана активност е дел од програмата за работа на Општина Струмица за тековната 2015 година.