Рано утрово, во периодот од 04.00 до 06.00 часот, ЈПКД ,,Комуналец,, во соработка со Територијалната противпожарна единица од Струмица, изврши миење и дезинфекција на булеварот ,,Маршал Тито,, на потегот од раскрсницата кај ТЦ ,,Глобал,, до кружниот тек кај Поштата. За утре наутро во истиот временски период е закажано миење и на булеварот ,,Ленинова,, , на потегот од хотелот ,,Централ,, до раскрсницата со улицата ,,24. Октомври,, . Според најавата од директорот на ,,Комуналец,, Зоран Горгиев, за следните петок и сабота планирано е миење на уште два булевара во градот.